Британија и Германија: Истраги за прислушувањето мора да има

04.09.2015 | 15:43
Прочитано: 4078
Наводите од прислушуваните разговори се сериозни, затоа потребна е целосна истрага за нив од страна на Специјалниот обвинител, кој треба да се избере до 15 септември. Ова е главната порака од амбасадите на Велика Британија и Германија, кои ја продолжија низата реакции на странските амбасади што ја започна амбасадата на САД, по одлуката на  судот да ги изземе прислушуваните разговори како докази.
 
- Амбасадорот Гарет, не би можел да коментира детали од судската одлука, но истрага мора да има, а за неа ќе биде надлежен специјалниот обвинител договорен од сите страни потписнички на договорот од Пржино  - стои во ставот на британската амбасада.
 
Големи очекувања во врска со именувањето на специјалниот обвинител има и амбасадата на Германија – тој да има потполна автономија во работата и да има пристап до сите материјали, кои се релевантни за неговите истражувања.
 
„Ова именување претставува важна обврска од споменатите договори, бидејќи специјалниот обвинител треба да обезбеди независна, транспарентна и сéопфатна правна разрешница на обвиненијата за тешките престапки кои произлегуваат од телефонските снимки. Само на тој начин веродостојноста на институциите на земјата, кои се соочуваат со тешки обвиненија, повторно може да биде вратена - соопшти германската амбасада. 
 
На иста линија беше и првата реакција на амабсадата на САД, која изрази уверување дека „веродостојното разгледување на случаите кои се поврзани со, или пак произлегуваат од следењето на комуникациите, е од најдобар интерес за сите партии и за граѓаните на Македонија.“
 
Ставовите на амбасадите од највлијателски западни земји, се јасна порака дека ЕУ и САД се решени да не дозволат минирање на Договорот, вели Малинка Ристова Јордановска, прв човек на Инситутот за европска политика. 
 
Сите амабасади во соопштенијата се едногласни дека само со потполна и навремена имплементација на сите чекори усогласени во договорите можен е излез од политичката криза. Истовремено, очекуваат судот и обвинителството при носењето на одлуките да ја имаат предвид и праксата на судот за човекови права.

Гоце Михајлоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.