Бројот на децата кои починаа во болница во Индија се зголеми на 60

12.08.2017 | 18:06
Прочитано: 2733

Бројот на децата, кои изминатите неколку дена починаа во една болница во индиската држава Утар Прадеш поради енцефалитис и проблеми со испораката на кислород се зголеми на 60, соопштија властите.

Тие наведоа дека се стравува дека билансот може и натаму да се зголемува. Отворена е истрага, а родителите на децата тврдат дека причина за смртните случаи е недостиг на залихи на кислород.

Меѓу децата, кои починале има бебиња, но и деца до 12 години.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.