Будуќност го декласира МЗТ

19.11.2017 | 22:29
Прочитано: 634

МЗТ во деветтото коло загуби од лидерот Будуќност 71:93. МЗТ остана на само една победа на домашен терен сезонава, а по девет натпревари има скор 2-7.

Будуќност го победи МЗТ, додека на МЗТ доаѓаат тешки денови. МЗТ вистински не му се спротивстави на тимот кој од клупата го предводеше поранешниот селекторот на Македонија, Александар Џикиќ.

Играчите кои изминатиот период дојдоа во МЗТ, со исклучок на Доминик Мавра, не донесоа никакво подобрување во играта на тимот на Александар Тодоров.

МЗТ тешко се справуваше со противникот, што резултираше со 15 загубени топки и не успеа во текот на целиот меч да воспостави контрола во скок играта. Будуќност имаше дури 14 офазивни скокови, а вкупно гостите имаа десет скока повеќе.

Будуќност по првиот период имаше девет поени предност, полувремето заврши со десет плус за гостите, а иако во третата четвртина Будуќност најчесто имаше двоцифрена предност двете тројки на Трајковски го вратија МЗТ на осум поени негатива (53:61) пред решавачките десет минути.

Пет минути МЗТ не можеше да го погоди кошот на ривалот, Будуќност ги казнуваше промашувањата и грешките и со серија 17:0 го реши прашањето на победникот.

Доминик Мавра, Бојан Трајковски и Јуре Лалиќ беа единствените светли точки во тимот на МЗТ. Мавра го предводеше тимот во три статистички категории, а натпреварот го заврши со (14 поени, 8 скока и 6 асистенции), а Трајковоски и Лалиќ имаа идентичен учинок 13 поени и 3 скока.

Во редовите на Будуќност сите играчи се запишаа во листата на стрелците, четврорца постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Никола Ивановиќ со 14 поени, на кои придодаде по три скока и асистенции.

МЗТ во наредното коло, на 2.декември, ќе гостува во Загреб кај Цедевита.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.