Бујар Османи: Груевски и Заев имаат средби

21.04.2017 | 18:27
Прочитано: 28382
Али Ахмети чека решение за кризата наредните денови од Никола Груевски и Зоран Заев – од Мала Речица и покрај категоричните деманти на лидерскиот двоец Заев - Груевски остануваат на ставот, средби има. 
 
„Ние имаме информаци дека средби меѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ Зоран Заев има. Не можам да кажам од каде ни се информациите, но тие се точни.Ние како ДУИ го охрабруваме политичкиот дијалог со цел што поскоро да се дојде до решение.“ - вели во телефонска изјава за ТВ 24 портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
 
Дека решение на кризата и деблокада на Собранието очекува од екс и сегашниот коалициски партнер, неколкупати порача и лидерот на ДУИ, Ахмети. И додека од ДУИ децидни лидерите на маса барааш излез, од партиите на Заев и на Груевски и денеска демантираат. Од Бихаќка децидни – Заев нема зошто да се гледа со Груевски.
 
„Имаше средби преку кои се дојде до Договорот од Пржино чија крајна цел беше одржување избори, кои се одржаа, а чиј резултат никој не го оспори, сега на ред е избор на Претседател на Собранието и избор на Влада., Груевски единствено може да дозволи мирен трансфер на власта.“
 
Од СДСМ и денеска најавуваат подлучни чекори, кога и какви не прецизираат, од нивната коалиција, пак попрецизни, собранието ќе профункционира идната недела. 
 
„За неколку денаможам да потврдам дека ќе има нов претседател на Собранието“ - изјави Eенес Ибрахими ТХП.
 
Демант за средба и од партијата на Груевски. Велат ниту имало, ниту се расположени да има. 
 
„Понудивме повеќе опции и решенија за излез од кризата, малцинска Влада и нови избори, но од луѓе чиј главен приоритет им е да се спасат од одговорност за криминалот не може да се очекува одлука добра за државата.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Од таму не сакаат да кажат конкретно што може да се очекува во Собранието во наредните денови и дали е можно поместување или промена на стартегијата на Груевски во законодавниот дом, само кусо велат за  политичката состојба ќе се разговара на вечерашниот состанок на ИК на партијата.
 
Дел од дипломатите пак не сакаат да коментират околу можни тет а тет разговори Груевски и Заев, само кусо ги повторуваат позициите дека очекуваат поместување во процесот согласно изборните резултати, и што поскоро профункционирање на Собранието. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.