Бутарис: Аеродромот „Македонија“ може да се преименува во „Никос Галис“

13.02.2018 | 09:51
Прочитано: 2594

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“.

Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската куќа на славните.

Како дополнителна причина за преименување на аеродромот, истакнува солунскиот градоначалник, е тоа што туристите кога слетуваат Солун мислат дека доаѓаат во Скопје.

Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ „го подели светот, не подели нас“ и од тоа сите губиме, изјави Бутарис за грчките медиуми.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.