Чавушоглу прогнозира религиозни војни во Европа

16.03.2017 | 12:09
Прочитано: 4380

Турскиот министер на надворешни работи Мевљут Чавушоглу во коментар на изборите во Холандија, изјави дека Европа оди кон пропаст и религиозни војни.

Како што јави агенцијата Анадолија, Чавушоглу забележа дека повеќето партии, што учествуваа на вчерашните парламентарни избори во земјата, освоиле меѓу 17 и 20 проценти од гласовите на избирачите.

„Нема разлика меѓу социјалдемократите и фашистот (Герт) Вилдерс. Тие се една иста матрица“, рече тој.

Според Чавушоглу, европските партии континентот го водат кон крах.

„Наскоро во Европа ќе избувнат религиозни војни“, изјави шефот на турската дипломатија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.