Чавушоглу: Турција ја подржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

18.06.2017 | 17:38
Прочитано: 6420

Влезот во НАТО, билатералните односи меѓу двете земји но и продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Турција беа главните теми на средбата на двајцата министри за надворешни работи од Македонија и Турција Никола Димитров и Мевљут Чавушоглу. 

Чавушоглу меѓуругото порача дека прашањето со името е вештачки наметнато и дека неговото доаѓање во земјата како прв министер во посета на својот нов колега Димитров говори за поддршката која Турција и ја дава на земјата.

„Прашањето за името е вештачки наметнато и тоа е голема неправда кон Македонија. Ние први ја признавме вашата земја и таа заслужува членство во НАТО алијансата. Впрочем мојата посета во најсветиот месец овдека говори за односите кои ги имаат двете земји . Ние и натаму ќе продолжиме да и даваме поддршка на македонија во секој билатерален и меѓународен план“ - изјави Чавушоглу.

За министерот Димитров пак интегративните процеси во НАТО и ЕУ се најважни а спорот со името како што рече нема правен проблем но долго време ја попречува кочи земјата во нејзината евроатланска иднина

Во агендата на Чавушоглу се најдоа и претседателот Иванов, премиерот Заев,и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Чавушоглу на средбите со македонските политичари се возеше со владиниот мерцедес кој беше набавен за време на претходниот владин состав.Посетата во Македонија Чавошоглу ќе ја затвори со Ифтар вечера која ја организира турската амбасада во Македонија.


Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.