Чепреганов: Илинден им припаѓа на Македонците

29.07.2013 | 17:08
Прочитано: 2055
Борба за присвојување на Илинден – од двете страни на Македонско -бугарската граница властите со сите средства се докажуваат која ќе организира поголема прослава за денот на илинденското востание. Кај историчарите нема сомневање дека Илинден им припаѓа на Македонците – Востанието се случи на македонска територија, вели првиот човек на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов.
 
Ниту годинава македонските и бугарските власти не останаа без политички провокации. И бугарскиот претседател росен плевнелиев пред неколку дена преку писмо ги поздрави подготовките на Бугарскиот културен клуб во Скопје за претстојниот илинден во него пишувајќи – бугарите во Македонија дораснале за својата слобода. Според Чепреганов, тактика на бугарскиот политички врв кој може дополнително да ги наоружи односите  на релација Скопје – Софија.
 
И во Скопје и во Софија се организираат помпезни маршови, говори и церемонии во духот на Илинден. На македонската страна, не се открива колку ќе чини одбележувањето на важниот историски јубилеј -  110-години од Илинденското востание.
 
Она што е извесно е единствено агендата за 2-ри август – оваа година претседателот Иванов Илинден ќе го прослави во Меморијалниот центар во Пелинце, собранискиот спикер Вељаноски ќе остане во Скопје, а премиерот Груевски востанието од 1903-та ќе го одбележи на Мечкин Камен во Крушево.

Михајло Видимлиски

Коментари (1)

pile

Vo uslovi na istorisko nedefiniranje na pobliskoto minato, i sto se slucuvase 2001 godina, dali bese realizacija na taen dogovor za razmena na teritori a podocna prerasnuvanje vo kontroliran konflikt za covekovi prava, vo klucni momenti koga treba da se postavi fundamentot na Drzjavata, celata megjunarodna zaednica ocekuva proiznesuvanje po predlogot na medijatorot i brzo resenie na sporot so imeto, a so toa i vleguvanje vo NATO Alijansata, koga ke slusnete na takvata sostojba da se dodava maslo na ognot i da se dokazjuva koj go organiziral, sprovel i koj gi trpel posledicite posle krvavoto zadusuvanje na Ilindenskoto vostanie od 1903 godina, i na kogo pripagja, koga site ucesnici se borele na stranata protiv eden neprijatel, ednostavno covek mozje da se zaprasa do koga ke propagjame kako gragjani na Gorna-Republika Makedonija vo zjivata pesok rascistuvajki go minatoto za smetka gubenje na idninata.A na prostorot cirkulirale, se organizirale i sproveduvale poveke vostanija i buntovi, i pred i posle Ilinden, nikoj nema protiv da istoricarite se dokazjuvaat i raspravaat i analiziraat sto i kako se slucuvalo, no nikoj nema pravo za smetka na ucestvo vo odredeni borbi i zaginuvanje na necii togasni vojski na prostorot, nenavleguvajki za interesite za koi se borele, da go koci razvojot i da ima suvereno pravo pri nosenje na odluki za idninata na zemjata i gragjanite koi opstojuvaat na ovoj prostor, so privremeno ime p.j.R.Makedonija, vo OON a so Ustavno ime Republika Makedonija. Gragjanite imaat izbrano legalno, Drzjavni institucii koi soglasno Ustavot i treba da nosat odluki vo interes na Drzjavata, i sopstvenitye gragjani.

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.