Червар реши – Без Митревски, Пешевски и Андоновски против Тунис

11.01.2017 | 20:57
Прочитано: 3282
Трката по светскиот ракометен трон почна со дуелот меѓу домаќинот на Мундијалот Франција и Бразил, а македонската репрезентација првиот натпревар на турнирот го игра утре против стариот должник Тунис. 
 
Селекторот Лино Червар го дефинираше  списокот составен од 16 ракометари за утрешната пресметка.
 
Македонија во групата „Б“ во Мец, се наоѓа во друштво на селекциите на Ангола, Исланд, Словенија, Шпанија и Тунис. 
 
Почнуваме против Африканците кои се наш должник од олимписките квалификации во Гдањск минатиот април. Форматот на натпреварување вели дека првите четири селекции во групата ќе напредуваат во следната фаза. 
Затоа целта на нашата репрезентација се две победи а шансата за нивно остварување се токму првите два натпревари, против Тунис и Ангола.
 
Селекторот на македонија Лино Червар го дефинираше списокот на ракометари за утрешниот дуел составен од 16 ракометари, во кои отпаднаа голманот Никола Митревски, пикерот Жарко Пешевски и бекот Ристо Арнаудовски.

Душко Постолов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.