Чија е одговорноста за грешки во изградбата на атопатите?

09.10.2017 | 18:12
Прочитано: 7926

Вината за проблемите при изградбата на автопатиштата Кичево-Охрид и Миладиновци -Штип кои ги гради кинеската Синохидро, да не се бара на Градежниот факултет порача деканот Дарко Мославац. Тврди дека автопатот до Охрид е сложен проект, за кој што се јавиле проблеми при градењето, но дека се решаваат со надзорот и со претставници на ЈП за државни патишта. Според Мославац за одредени проблеми за советување се ангажирани и експерти од Франција кои биле зачудени од тежината на теренот.

„Ние сме на некој начин консултантни, информирано е дека постојат проблеми, дека работите не одат со она темпо со кое биле планирани. Тој проект е сложен и при самото градење има проблеми, а тие се решаваат со надзорот и претставници на јавното претпријатеие и ние како консултанти.“ - вели проф. д-р Дарко Мославац, декан на Градежен факултет во Скопје.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој присуствуваше на прославата на 68 годишнината од постоењето на градежниот факултет пак, посочи оти мора да има одговорност за пропустите при изградбата на автопатотот Кичево-Охрид, бидејќи станува збор за оргомна сума на пари која дополнително ќе треба да се плаќа.

„За сите овие проблеми во изминатите години се молчело и одговорност мора да има. Станува збор на многу пари кои ќе треба од буџетот, или преку кредит да се дадат за да автопатот да се доизгради“ - вели Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид, во должина од 57 километри, според сегашниот договор, ќе чини 374 милиони евра. Но според највте ќе бидат потребни уште 130 милиони евра.

Со анекс договор Владата и „Синохидро“ го продолжија и рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип. Таму владата и Синедхидро се договорија никој никому да плаќа пенали за пропустите, единствено ќе биде продолжен рокот до кога треба да биде завршена, а нема да чини дополнитечлни пари. Со тоа Миладиновци Штип наместо во мај годинава, сега се очекува да биде готова, до 30 септември идната година.



Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.