Чистка во весниците на МПМ – вработените протестираат

15.05.2017 | 11:08
Прочитано: 5191
Продолжува голготата на новинарите вработени во весниците на „Медиа Принт Македонија“. 
 
Неизвесноста сега се продлабочи откако новоформираната „Медиа Принт ДООЕЛ“ фирма ќерка на „Медиа принт Македонија“ вчера објави оглас за вработување на 55 новинари, 12 уредници и 6 главни уредници. Огласите се за весниците „Дневник“, „ Вест“, „Утрински весник“, Теа Модерна“, „Македонски спорт“ и „Телеграф“. 
 
Новинарите вработени во весниците се затекнати и стравуваат дека од половина од вработените ќе останат без работа, оти во објавениот оглас се бараат двојно помалку луѓе од тие што сега работатат во весниците.
 
„И денеска бевме затечени од инфомацијата дека треба да се премине во некоја нова фирма, со идентично име на веќе постоечкото, се вика Медиа принт, не е Македонија, и е регистрирана на домашна адреса на еден од менаџерите на МПМ“, изјави Љубиша Станковиќ, новинар во „Утрински“.
 
„Да се бараат 55 новинари, таа бројка не е доволна за да продолжат да излегуваат весниците, немаме инфомација дали ќе продолжат како електронски медиуми или дали некој медиум ќе згаснува. Има само информација дека треба да се пријават на новата фирма“, изјави Ана Антевска, новинар во „Вест“. 
 
Новинарите велат дека засега нема да конкурираат на огласот се додека не добијат објаснување од менаџментот, што ќе се случи со вишокот вработени, дали компанијата „Графички Центар“ во која досега беа вработени оди  во стечај..Тие  денеска се обидоа да се сретнат со менаџментот но наидоа на затворана врата.
 
Телевизија 24 побара став од сопственикот на МПМ Срѓан Керим, но беше расположен 
да одговори на нашите прашања. 
 
„Ајде ве молам, немојте да ми додевате, имам работа“, изјави Среѓан Керим.
 
Лошата финансиска состојба во овие медиуми трае со години, а пред нова година новинарите излегоа на штрајк поради неисплатени плати. Последна исплатена плата имаат за февруари. Во меѓувреме се случија и промени во сопственичката структура. 
 
Во февруари годинава „Орка Холдинг“ на бизнисменот Орце Камчев излезе од сопствеништвото на фирмите кои се поврзуваат со весниците , а сега, стопроцентен сопственик на МПМ е фирмата „Графички центар“, чии сопственици се „Телеграф“ и „Мирекс“ на Срѓан Керим.
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 
 

Соња Јанковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.