Црни дамки во Охридското езеро - Дали е нафта или растенија?

16.02.2017 | 19:40
Прочитано: 2810
По три дена откако се појавија црните дамки во Охридското езеро резултатите од испитувањата на хидролозите и екологистите за потеклото на маснотиите во водата се различни.
Охрид СОС и понатаму алармира дека езерото се загадува намерно а тоа го потврдиле испитувањата кои ги нарачале. Велат дека нивната анализа на примероците од водата покажала голема присутност на опасни суровини,прегреано уље - смртоносно за екосистемот.
 
„Машинскиот инжинер кој излезе на лице место врз база на направена анализа констатира дека тоа се остатоци од масло, односно прегорена нафта и останати механичарски работи коишто се излеани во езерото“ - изјави Климент Арнаудов од Охрид СОС.
 
Сосема различни се резултатите од испитувањата на хидролозите. Денеска заводот излезе со соопштение дека црната дамка не била нафта туку остатоци од растенија што гнијат, кои испливале на брегот како резултат на струење на водата.
 
,,Жолтите воочени дамки претставуваат остатоци од растителен материјал кој при процесот на разградба ја губи зелената боја. Не станува збор за нафтена дамка ниту за мрсни материи туку, за присуство на растителен материјал,делови од водни растенија и кончести алги кои механички се донесени на брегот на езерото. Анализата покажа дека квалитетот на водата е непроменет – соопштуваат од Хидробиолошки.
 
Но сликата на терен во понеделникот беше страотна и покажуваше нешто сосема друго. Воочливи беа мрсните црни дамки на соголениот брег на езерото и мирисот на нафта покрај самиот кеј. Ваквата појава ги вознемири сите освен локалните власти кои сеуште молчат пред  алармот на екологистите за опасноста од еколошка катастрофа на езерото.

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.