ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

12.08.2017 | 12:37
Прочитано: 1613

Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, повторно е активен. Во правец на село Забрчани гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ-Прилеп и месно население,  информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот, пак кај местото викано Фрлогоец на Бистра Планина е се уште активен. Гори сува трева и смрека и ниско стеблеста деградирана дабова шума. На терен се наоѓа екипа на Шумското стопанство „Лопушник“ заради преземање одредени мерки за негво локализирање.

Од ЦУК посочуваат дека се  уште се активни и пожарот во атарот на селата Растеш, Заград и Волче, каде гори дабова шума, смрека и висока сува трева. Во атарот на село Растеш во моментов се ангажирани лица од месното население, Шумското стопанство и лица од општина Македонски Брод.

„Пожарот во атарот на село Грешница во моментов е под контрола и обиколен со заштитен појас. Во средината гори деградирана нискостеблеста шума, смрека. На пожарот во атарот на село Грешница ангажирани се лица од Шумското стопанство Македонски Брод. Појавен е шумски пожар во планинскиот дел близу село Богојци кон правецот на село Татеши. Пожарот е активен и зафатена е нискостеблеста и дабова шума. На негово гаснење дејствуваат екипи на ТППЕ-Струга и ЈСШП Јабланица – Струга“, соопшти ЦУК.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.