Дачиќ му запеа на турски на Ердоган, доби и бакшиш

11.10.2017 | 11:56
Прочитано: 8417

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ запеа синоќа пред турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на турски јазик на официјална вечера организирана од српскиот претсеател Александар Вучиќ.

На видео инсерти поставени на ЈуТјуб се гледа како Дачиќ стои близу масата на која се Ердоган со сопругата Емине и српскиот претседател со сопругата Тамара.

Дачиќ ја пееше песната „Осман ага“ на турски јазик.Од муфтијата Мустафа Јусуфспахиќ доби и бакшиш, објавија Вечерње новости.

Во 2013 година Дачиќ и запеа и на тогашната посредничка во преговорите меѓу Белград и Приштина, Кетрин Ештон. Тогаш ја пееше песната – Опрости ми Катрин. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.