Дали медиумите во Македонија известуваат објективно?

14.02.2017 | 13:40
Прочитано: 3785
Граѓаните добро ја воочуваат необјективноста на медиумите кога за одредени информации известуваат различно, покажува истражувањето на ААВМУ. 
 
Дури 62 отсто од испитаниците имаат став дека различни медиуми различно информираат за ист настан а околу 50 отсто од испитаниците не ги отфрлаат информациите, додека тоа го прават 45 отсто. Над 80% од анкетираните одговориле дека медиумите треба да бидат слободни и објективни.
 
„Најголем дел од испитаниците или 62,71% од нив одговориле дека многу често телевизиските канали различно информираат за исти настани. Потоа, 22,85% сметаат дека ТВ каналите понекогаш информираат различно за ист настан, а само 10,97% од нив се изјасниле дека многу ретко ТВ каналите различно информираат за исти настани“ - изјави Надежда Поп Костова од Таргет комуникации.
 
Истражувањето е спроведено во втората половина на 2016 та година од страна на агенцијата Таргет комуникации, која го добила тендерот за тоа од страна на АВМУ. Исто така од АВМУ информираа и дека се работи на Мрежа за формирање на медиумска писменост .
 
„Сакаме денеска да разговараме за да можеме во скоро време и формално да ја фомираме мрежата, така што преку потпишување на заеднички документи, институциите, организациите и установите се договорат на кој начин ќе комуницираат и соработуваат“ - изјави Зоран Трајчевски од ААВМУ.
 
Од агенцијата исто така информираат дека е во план изработка на ДВД материјали за медиумска писменост кои треба да бидат дистрибуирани во школите со цел поголемо медиумско описменување и на учениците.
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 
 
 

Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.