Дамовски: Одлуката за утрешните протести се носи вечерва

20.03.2017 | 21:11
Прочитано: 13025
Во Скопје продолжуваат протестите на граѓаните кои велат дека се против таканаречената албанска платформа. Пред владата започна протестот „За заедничка Македонија“, се игра оро и се пеат македонски песни.
 
Во рацете секој носи знамиња и им беа поделени црвено-жолти траки. Нивните барања во овие 22 дена се добро познати, откажување од албанската платформа и побараа средба со Јоханес Хан, но од Брисел стигна порака дека тоа нема да се реализира. Маја Кочијанчиќ изјави дека Хан ќе се сретне со политичките претставници и дека е точно дека има и други барања за средби со него, но овојпат, тој ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе.
 
Здружението не се откажува од барањето за средба и денес порачаа дека се реалност и веќе 22 дена тоа и го покажуваат. За утре, очекуваат уште поголема посетеност и ги повикуваат граѓаните да му повторат на Хан дека никој не може да ги игнорира и дека нивните идеални се фиксни и ултимативни.
 
Борис Дамовски вели дека Хан испуштил шанса да го слушне народот. Тој истакна дека во колку Иванов, сепак се премисли и го додели мандатот, протестите ќе продолжат.

Наташа Стојановска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.