Дебакл: Младинците загубија од Гибралтар!

10.10.2017 | 20:17
Прочитано: 1923

Репрезентацијата до 21 година претрпе шокантен пораз од аматерите од Гибралтар со 0-1 во третиот меч од квалификациите за Европското првенство во Италија.

Имавме и доминација и шанси, но попусто сето тоа. Гибралтар си направи историја кога во 64. минута Торилја ја погоди мрежата на Ѓорѓев, по еден прекин, а Македонија не успеа да направи ништо за да го смени тоа до крајот на натпреварот.

На овој меч Благоја Милевски играше без Елиф Елмас и Даниел Ѓорѓев, кои беа прекомандувани меѓу сениорите, но ништо од тоа не смее да биде изговор кога играте со репрезентација која има гол-разлика 0-14. се до вечерва.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.