Дефектот саниран – на потег се службите за дезинфекција

20.04.2017 | 18:48
Прочитано: 1629
Водата се повлекла но миризбата сè уште се чуствува. Состојбата во поликлиниката во Ченто полека се нормализира. И денеска не ни беше дозволено да снимаме но граѓаните кои излегуваа од поликлиниката велат дека во ходниците повеќе нема вода. 
 
Од здравствениот инспекторат информираат дека по целосното повлекување на водата денеска биле испратени екипи кои извршиле дезинфекција во поликлиниката.
 
„Проблемот настанал во четвртокот кога се поплавиле подрумските простории и ходниците во поликлиниката. Здравствениот дом Битпазар кој е надлежен за здравствената единица Ченто го информирал Центарот за јавно здравје при што била исцрпена водата и било направено механичко чистење со шмрк и чиста вода, денеска била извршена и дезинфекција.“ - велат од Здравствениот санитарен инспекторат.
 
Проблемот настанал поради затната канализациона цефка, но тој е сега саниран. Вчера општинската власт за пропустот и фирмата која ја асвалтирала улицата и ги поплочила шахтите се повикаа на градот Скопје, а оттаму пак рекоа дека е невозможно тоа да се случи. Од ЈП Водовод и канализација го потврдуваат проблемот но незнаат која била фирмата која го направила пропустот. Денеска тие ја проверуваат целата линија за да не дојде до сличен проблем во иднина. 

Христина Новевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.