ДИК распределба на материјали

12.10.2017 | 17:51
Прочитано: 727

Доверливиот изборен материјал стигна до општинските изборни комисии . ДИК почна со дистрибуција и примопредавање на материлајите за локалните избори кои треба да се одржат во недела.

Потпретседателот на ДИК Реџеп Прекопуца ја посети печатницата Полиестердеј во Визбегово од каде се врши дистрибуцијата и истакна дека се се одвива според планираното и дека процедурата со материјалите е запазена.

„Денеска започнуваме со распределба на доверливиот избирачки матерјал. Досега процесот теше нормално и во сите општински комисии го распределивме матерјалот“ - вели Реџеп Прекопуца Потпретседател на ДИК.

Во печатењето на изборниот материјал учествувале 170 вработени во печатницата а проектот како успешен го гледа и сопственикот Филип Спасовски.

„Еден интересен проект за нас кој ги вклучи сите вработени.“ - вели Филип Спасовски Сопственик на Печатницата Полиестердеј.

Според Изборниот законик ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на Избирачките Одбори.

Шестите локални избори во Македонија  ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.


Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.