Димитров го освои АТП-финалето во Лондон

19.11.2017 | 22:16
Прочитано: 1480

Залудно го победи Рафаел Надал, дури и Роџер Федерер во полуфиналето, кога Давид Гофан немаше сили за финалниот меч. Загуби од Григор Димитров, Бугаринот кој е сензационален победник на АТП-завршницата во Лондон.

Победата на Димитров и не е некое изненадување, ако се суди по резултатите во Лондон, бидејќи тој остана единствениот непоразен. Впрочем, го доби Гофан и во групната фаза, со 2-0 во сетови, но сега беше многу поизедначено.
 
Димитров отвори со 7-5 во првиот сет, но Белгиецот се врати со 6-4 во вториот и делуваше дека ја има психолошката предност, меѓутоа потклекна во шестиот гејм. Тој брејк Димитров го сочува до 6-3, за конечна победа и за најважниот трофеј во неговата кариера. Досега имаше само седум, од кои годинава освои три, мастерсот во Синсинати и турнирите во Софија и во Бризбејн. Од утре Димитров ќе биде трет тенисер на светот и како таков ќе ја заврши годината, што претставува негова најголем успех на АТП-рангирањето.

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.