Димитров: Македонија се надева дека направи доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори

14.09.2017 | 10:13
Прочитано: 1237

Македонија се надева дека направи доволно за да ја убеди Европската унија да почне пристапни преговори, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за Ројтерс.

Според него, грција не го прифатила веднаш минатомесечниот предлогот на Македонија, државата да го употребува името поранешна југословенска Република Македонија во другите меѓународни тела.„Доколку оствариме доволно во смисла на реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, и истовремено ќе постигнеме договор за прашањето за името, изјави Димитров.

Тој напомена и дека е потребно Атина да ја види Македонија како сојузник и дека е во нејзин интерес да има сосед во кој владеат законите.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.