Димовски: СЈО е завршена тема

17.02.2017 | 12:26
Прочитано: 15985
Мандатот на специјалното јавно обвинителство нема да биде продолжен и не може да биде предмет на преговори, изјави за ТВ 21 Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
 
„СЈО има мандат од 18 месеци да покрене обвиненија, а тој закон се носи со двотретинско мнозинство. Од тој аспект, СЈО повеќе не е предмет за дебата ниту меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ниту меѓу ДУИ и СДСМ“, изјави Димовски. Според него, главна пречка за формирање на нова коалиција со ДУИ било прашањето за употреба на јазици бидејќи не бил прифатен предлогот албанскиот јазик да има поширока примена во општините каде живеат над 20 проценти албанци, место на целата територија на Македонија. 
 
ВМРО-ДПМНЕ и натаму одржува разговори со ДУИ, но Димовски смета дека доколку не се формира набрзо влада тогаш состојбата е зрела за нови парламентарни избори.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.