Дипломатската офанзива продолжува – ќе има ли конкретни резултати од посетата во Софија?

16.06.2017 | 17:40
Прочитано: 7024
Ќе се затвори ли отвореното прашање со Бугарија на првата средба меѓу Заев и Борисов следната недела?
 
Работните групи на двете држави наголемо работат периодов тоа да се случи, потврдуваат за ТВ 24 од владата. Несогласуваат околу заедничко славење на историјата и битните датуми за Скопје и Софија и понатаму се на маса, но од двете страна се очекува позитивен импулс.
 
Големи очекувања од средбата имаат и во Софија. Академик Стефан Воденичаров во интервју за БГНЕС вели дека работата на двајцата премиери треба да ја отвори вратата на ЕУ И НАТО за Македонија.
 
Како што знаеме, имаме заеднички корени и сме најблиски, не е убаво да има такви пречки. Сметам дека за сѐ што требало да се направи меѓу двете страни, Бугарија секогаш била добронамерна и подавала рака. Очекуваме најпосле тој договор за добрососедство да биде потпишан од двете страни, да се смират дипломатските пораки, кои до овој момент се бесполезни и да се отвори вратата за членство на Македонија во ЕУ и во НАТО.“ - вели академик Стефан Воденичаров.
 
Академикот очекува да се зацрта и конечно да се изгради и пругата Македонија – Бугарија, а и да се се изработи заеднички модел во енергетски преносни системи,како и да се договори научна и обарзовна соработка.
 
И ако сè чини, бугарското прашање е лесно надминливо, грчкото останува да виси на Македонија како двостран меч. Дел од познавачите на европските политики се песимисти дека може да се очекува засилен западен притисок врз Грција, сообено велат бидејќи Германија какко клучен играч во Европа не е многу заинтересирана за тоа. Токму според дел од нив, фокусот во земјава мора да биде на реформите кои ги бара Брисел особено, велат, во правосудството. 
 
„Каде ќе се движи оваа влада во однос на реизборот на судиите кој беше најавен. Дали тоа ќе биде формата која се применува во Албанија, односно проверка на досиејата и потеклото на имотот или ќе биде генерален реизбор“, изјави Симонида Кацарска, ЕПИ. 
 
Испорачајте, ќе возвратиме – оваа порака до владината делегација  директно им ја порача врвот на ЕК во понеделникот, еврокомесарот Хан со порака и до Грција дека се надева дека некои земји членки ја научиле лекцијата, за веднаш потоа и да конкретизира дека сега е моментот за пробив во спорот со името. 
 
Исполнување на препораките на Прибе се клучното очекување на Брисел - токму во таа насока еврокоемесарот доаѓа на 26 јуни во земјава и на владина седница очекува конкретна агенда и роковник на спроведување на реформите. 
 
Пред Хан, на конференција органзиирана од Ману во земјава ќе се појави Рајхард Прибе,а експертот уште два пати ќе дојде во земјава, на почетокот на јули со тимот експерти кои треба да направат отчет на спроведеното, но и да ги дополнат препораките. Клучни реформи се УБК, судството, медиумите, јавната админситрација - ако се спроведат, Македонија ја чека безуслован препорака. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.