Директорите на ФБИ и НСА ќе сведочат за евентуалните врски на Трамп со Русија

20.03.2017 | 11:49
Прочитано: 1703

Директорите на Федералното истражно биро (ФБИ) и на Агенцијата за национална безбедност (НСА) ќе сведочат пред Конгресот на САД за потенцијалните врски на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија и неговите тврдења дека бил прислушуван од поранешниот шеф на државата Барак Обама.

Џејмс Коми и Мајк Роџерс првпат ќе зборуваат јавно за тие две прашања, кои ја заинтересираа американската јавност. Евентуалните врски на Трамп и неговиот тим со рускиот претседател Владимир Путин се тема на бројни шпекулации откако е избран за претседател на САД.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.