ДКСК ќе разгледува три случаи за повреда на изборниот законик

12.10.2017 | 19:04
Прочитано: 677

Државната комисија за спречување корупција ќе разгледува три случаи за повреда на изборниот законик. Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ Борјанчо Мицевски обвинува дека неговиот противкандидат од ВМРО ДПМНЕ Арсенчо Алексовски, делел отчет испечатен со општински пари. За злоупотреба на општински пари приговор поднеле и претседателот на изборниот штаб на ДУИ во Струга против комуналното претпријатие Проаква, како и претседателот на изборниот штаб на СДСМ во општина Центар Жупа, против градоначалникот. ДКСК прифати и три приговори на вработени во државни институции кои биле суспендирани или прераспределени од своите работни места за време на изборен процес. Еден приговор беше одбиен.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.