Додека се чекаат реформите во судството-нови именувања на судии?

17.07.2017 | 17:40
Прочитано: 7657
Додека владата најавува реформи во судството, што треба да започнат со Судскиот совет, токму ова тело, на чие чело е Зоран Караџовски,  стартува со избор на нови претседатели на судови и судии. 
 
На дневен ред, на седницата во четврток се избор на  нов претседател на Основниот суд Скопје 1, Апелациониот суд во Штип, како и основните судови во Тетово, Куманово, Ресен и Дебар. Освен тоа, советот ќе одлучува и за избор на двајца судии во Врховниот суд, четворица во скопската и еден во битолската апелација. Изборот на судиите се случува паралелно со најавите на Владата за реформи во судството, опфатени со акцискиот план 3-6-9, што предвидува промените да почнат токму во Судскиот совет. Празните места мора да се пополнат – вели за ТВ24 првиот човек на советот, Зоран Караџовски.
 
„Ние нема да чекаме политички ветувања и промени од страна на Владата, бидејќи мора и ние да работиме. Сите промени се согласно Уставот и законите. Треба да се знае дека овие судови веќе подолго време функционираат со В.Д. Претседатели и треба да се постават нови“ – ни изјави Караџовски.
 
Министерот за правда, Билен Саљији, пак не бил запознаен за смените што Судскиот совет планира да ги направи, иако дневниот ред на седница е објавен и на официјалната интерент страница. Но, сепак смета дека било потребно да се нов претседател на Kривичниот суд во Скопје.
 
„Имињата наскоро ќе бидат обелоденети врз основа на начелата за владата за отчет и транспарентност.“ - изјави Саљији.
 
Саљији најави дека во министерството е формирано ново тело, составено од, како што рече, истакнати правници, професори и експерти, кои ќе ја следат работата на судовите. Не сакаше да ги открие имињата на членовите на новоформираното тело, но одговарајќи на новинарско прашање посочи дека тие нема да бидат на товар на буџетот на државата. 
 

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.