Доделени наградите MTV Video Music Awards

28.08.2017 | 12:34
Прочитано: 1200
На доделувањето на престижните музички награди MTV Video Music Awards што се одржа вчера во Лос Анџеелс, најважните награди ги освоија британскиот пејач Ед Ширан во категоријата уметник на годината и американскиот рапер Кендрик Ламар, чиј хит „Humble“ ја освои наградата за видео на годината и најдобра хип-хоп изведба.
 
На Ширан конкуренција му конкурираа и Ламар, Аријана Гранде, Бруно Марс, Лорд и The Weeknd.
 
Ламар, кој имаше дури осум номинации а освои шест награди, со видеото за песната „Humble“, а победата ја однесе пред The Weeknda со нумерата „Reminder“, Бруно Марс со „24K Magic“, Алесија Кар со „Scars to Your Beautiful“ и диџеј Халид со „Wild Thoughts“.
 
„Hamble“. Во кој се репродуцира темата за познатата фраска „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи, се смета за гротескно прикажување на излишната слава и сеприсутноста на социјалните мрежи. Ова видео го доби признанието за најдобра режија, уметнички впечаток, визуелни ефекти.
 
Во другите поважни категории триумфираа Халид како најдобар нов изведувач, Зајн Малик и Телјор Свифт со „I Don’t Wanna Live Forever“ за најдобра музичка соработка, бендот Fifth Harmony со раперот Гучи Мејн со песната „Down“ за најдобра поп изведба, Зед и Алесаја Кара со „Stay“ за најдобра денс песна, а за песна на летото е прогласена „XO Tour Llif3“ на Лил Узи Верт.
 
Водителка на спектаклот беше Кети Пери, којашто на сцената се спушти од плафонот во вселенски костум во чест на статуетката наречена „Moon Person“ која ја примаат добитниците на наградите.
 
Тејлор Свифт, го искористи спектаклот за светска премиера на видео спотот за нејзиниот сингл по три години „Look What You Made Me Do“ и добитничката на наградата за животно дело Пинк, којашто за својата шестгодишна ќерка Вилоу, која беше во публиката, одржа говор за убавината и прифаќањето кој кај многумина измами солзи.
 
Најголемиот неуспех го доживеа Кети Пери. Нејзиното видео „Chained to the Rhythm“ беше номинирано во четири категории, меѓу кои и најдобро по видео и најдобри визуелни ефекти, но Пери со празни раце го напушти Лос Анџелес.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.