Доделени наградите на вториот по ред филмски фестивал „Киненова“

12.10.2017 | 20:43
Прочитано: 1318
Второто издание на Меѓународниот филмскиот фестивал Киненова Скопје 2017свечено беше затворено вчера вечер во скопското кино Синеплекс со доделување на наградите за натпреварувачката селекција на филмови, направени од млади автори од целиот свет за нивните први или втори филмови.
 
Наградата за Најдобар филм на фестивалот му беше доделена на филмот „Фамилија“ на Густаво Рондон Кордова.
 
Жирито одлучи да го награди босанскиот филм „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ со наградата „Најдобар режисер“.
 
Наградата „Најдобро сценарио“ ја доби Асаф Полонски за филмот „Една недела и еден ден“ .
 
„Специјално признание“ му беше доделено на на филмот „Кула“ за користењето на свеж и експериментален израз од страна на режисерот Кит Мајтланд.
 
Првата награда од Интернационалната селекција на кратки филмови беше ја поделија филмовите.
 
„Британец по божја волја“ од Шон Дан и „Ана“ од Марго Зубашвили, Грузија.
 
Специјално признание беше доделено на филмот: „Судир“ на Хонг Хенг Фаи од Макао.
 
Најдобар филм од Македонската селекција на кратки филмови е „Долго патување до дома“ од Ибер Деари.
 
Додека наградата за развој на сценарио ја доби Јаков Попоски за проектот „Мост“.
 
За затварањето на второто издание на Киненова премиерво во Скопје беше прикажан пилот филмот за серијата „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ.
 
„Публиката на оваа серија ќе биде млада генерација која можеби и не знае или само слушнала дека постоела некоја држава Југославија. Во основа тоа е еден трилер со елементи на мистика и една драма со многу интересни ликови, а има и доста секс, крв и многу акција. Овој пат пробавме да работиме со повеќе режисери и тоа се покажа како интересен експеримент, кои може да даде резултати и доколку снимаме продолженија јас ќе режирам само една епизода, ќе глумам и нема да се занимавам со текст и останати работи.“ - изјави Драган Бјелогрлиќ.
 

Сања Савеска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.