Доделени субвенции за млад земјоделец

25.11.2017 | 18:06
Прочитано: 2530

Шеесетина млади земјоделци  од скопско, тетовско, гостиварско, кумановско и велешко денеска ги потпишаа првите договори за добивање 10 илјади евра неповратна парична помош со која ќе можат да отворат сопствен бизнис.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави дека до крајот на годинава ќе бидат склучени вкупно 424 договори за поддршка на млади земјоделци.

Земјоделците велат дека парите ќе ги искористат за набавка на нова механизација и изградба на нови капацитети. Николовски најави и дека од следната година ќе има зелена нафта во земјоделството.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.