Договорите за јавни набавки од декември стануваат достапни на јавноста

23.11.2017 | 12:07
Прочитано: 788

Договорите за јавните набавки од следниот месец ќе и бидат достапни на јавноста.

Договорниот орган ќе има обврска договорот да го објави на својата веб страница, а потоа ќе може да го реализира.

Според оваа новина, што претходно ја најави премиерот Зоран Заев, од 1 декември секој договор за јавна набавка склучен од која било државна или јавна институција под надлежност на владата, а со препораки и до општините и до другите јавни институции, ќе може да се реализира откако прво ќе биде објавен на веб-страницата на секоја институција.

Од оваа мерка, владата очекува сериозна транспарентност, но и сериозна заштеда на трошење на парите на граѓаните во државата.

Бирото за јавни набавки е во фаза на изработка на нов закон за јавни набавки кој ја враќа Македонија на патот кон ЕУ. Се земаат предвид ЕУ регулативите од 2014 година. Новиот закон се очекува најрано да биде донесен во октомври 2018 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.