Доставувањето со дрон станува реалност

13.03.2017 | 13:39
Прочитано: 2478

Властите во Велика Британија објавија дека компанијата „Амазон“ има зелено светло за почеток на тестирањето на услугите за доставување на стока со помош на дронови.

Постигнат е договор со надлежните во Управата за цивилна авијација и тестирањето ќе започне што поскоро, пренесоа британските медиуми, не прецизирајќи го точниот датум.

Со оваа услуга, купувачот ќе има можност во рок од 30 минути да биде доставена пратка со тежина од 2,5 килограми, и тоа на раздалеченост од 24 километри. Претставена е во 2015 година во Соединетите американски држави, а сега го продолжува походот во Европа. 

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.