Државата лани потрошила 1,5 милиони евра за разни медиумски проекти

15.05.2017 | 11:06
Прочитано: 1618
Над еден ипол милион евра им дале државните институции на медиумите минатата година за рекламирање или за субвенционирање програма  – покажува истражувањето на Здружението на новинари.
 
Слободата на медиумите се влошува, новинарите мета на напади. Власта со јавни пари купува поддршка од одредени медиуми, а употребува сила за непослушните – велат од ЗНМ.
 
„Владата ги користи сите инструменти да ја ограничи слободата на говорот и да ги контролира медиумите. Таа применува политика на стап и морков. Послушните медиуми ги наградува со јавни пари, додека новинарите кои ја критикуваат ги напаѓаат и ги изложуваат на јавни притисоци“, изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
 
Сумата на народни пари кои завршиле во медиумите е многу поголема од добиените резултати бидејќи голем дел од општините и министерствата одбиле да дадат податоци.
 
Од општините најмногу пари во медиумите дале Битола, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Куманово, додека пак општина Штип трошела и без да ја наведе намената. Од министерствата, лидер е токму е министерството за информатичко општество и администрација. 
 
„700 000 евра што е половина од вкупните сретства се потрошени од Министерството за информатичко општество и администрација, како субвенција за националните телевизии за поттикнување на домашната играна документарна програма. Во споредба со 2015 година, лани фондот го има зголемено за 200 000 евра, иако во програмската шема на насионалните телевизии, сеуште превладуваат турските серии и српските забавни емисии“, вели Селмани.
 
Од ЗНМ велат дека е поразителна состојбата во однос на безбедноста, бидејќи невини новинари се прогонувани и затворани, а оние кои вршат напади врз новинарите поминуваат неказнето.
 
Селмани додаде дека Ад Хок телото кое требаше да ги регулира медиумите не ја исполнило својата цел, бидејќи ниту една претставка за говор на омраза не беше процесирана.  
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 

Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.