Два мега трансфери: Елмас во Фенербахче, Барди во Леванте

17.07.2017 | 15:43
Прочитано: 2825

Елиф Елмас ја прифати понудата да настапува за турскиот гигант Фенербахче. Досегашниот фудбалер на Работнички, покрај многуте понуди во летниот преоден рок, се одлучи за турскиот гигант.

Трансфер прави и Енис Барди. Тој е во Валенсија, каде што треба да стави потпис на договор со шпанскиот клуб Леванте.

Елмас беше дочекан на аеродромот во Истанбул од бројните турски медиуми, кои го проследија неговото доаѓање.

Се очекува во текот на денот да го официјализира договорот и да бидат објавени деталите. Инаку Елмас дебитираше за сениорската репрезентација на квалификацискиот меч со Шпанија во Скопје, а беше дел и од селекцијата која учествуваше на Европското првенство во Полска.

Барди, кој исто имаше одлични изданија во националниот дрес во Полска, следната сезона ќе игра во Примера, тоа е сигурно. Веќе објави слика од Валенсија на инстаграм профилот. Во изјавите за шпанските медиуми истакнува дека ова е остварување на неговиот сон. 


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.