Две деца починаа од грип

12.01.2017 | 11:57
Прочитано: 37241

Две деца на возраст од три и четири години починале од грип, објави Институт за јавно здравје во денешниот извештај. Едно од децата на возраст од три години било од Кичево, а другото на возраст од четири години од Гостивар. И двете биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега.

Во текот на првата недела од 2017 година, во Македонија пријавени се 8.067 новозаболени лица на групни пријави за заболени од грип, што претставува намалување од 14,9 отсто во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.

Вкупниот број на пријавени случаи и оваа недела ја надминува границата на многу висока активност, согласно моделот за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип. И оваа недела како и минатата, најголем број заболени се регистрирани на територијата на Скопје,  а поголем број на случаи пријавени се во Струмица, Битола и Кавадарци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.