Џејми Оливер ќе затвори шест ресторани во Велика Британија

07.01.2017 | 19:20
Прочитано: 12722

Славниот британски готвач Џејми Оливер најави дека ќе затвори повеќе ресторани од совјот синџир „Џејмис италијан“ (Jamie's Itajian)  во Велика Британија.

Како главна причина тој ја наведува одлуката на Велика Британија да истапи од ЕУ, што доведе до поскапување на состојките за италијанските јадења што се подготвуваат во неговите ресторани.

Ќе се затворат шест ресторани, меѓу останатите во Абердин, во Шкотска, и во близина на Катедралата Свети Павле во Лондон.

„Секој сопственик на ресторан знае дека на пазарот ситуацијата е тешка и дека притисоците и неизвесноста по одлуката за Брегзит дополнително ја отежнаа ситуацијата, објасни директорот на „Џејмис италијан“, Сајмон Благден.

Затворањето ќе загрози 120 работни места, што е помалку од пет отсто од вработените во овој синџир, наведе Благден, кој вети дека на работниците ќе им понуди други работни места во групата.

Како причина за затворањето на дел од рестораните, освен поскапувањата на намирниците, се наведуваат и трошоците за обука на вработените и падот на посетеноста на рестораните.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.