Џенет Џексон го роди првото дете на 50-годишна возраст

04.01.2017 | 09:39
Прочитано: 3379
Американската пејачка Џенет Џексон (50) вчера го роди своето прво дете.
 
Таа роди момче, на кое му го даде името Еиса, објави списанието „Пипл“. 
 
- Џенет Џексон и нејзиниот сопруг Висам ал Мана со возбуда го дочекаа доаѓањето на нивниот син Еиса ал Амана, изјави претставникот на пејачката и додаде дека породувањето минало без проблеми.
 
Помалата сестра на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година, во октомври објави дека е бремена.  
 
Гласините околу тоа се појавија уште кога таа во април минатата година ја прекина последната светска турнеја, појаснувајќи дека сака да формира семејство со бизнисменот од Катар, Висам ал Мана, за кого се омажи во 2012 година. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.