Џенифер Лопез и Дрејк ја потврдија љубовна врска

29.12.2016 | 10:19
Прочитано: 3483

Џенифер Лопез (47) и Дрејк (30) официјално ја потврдија нивната љубовна врска со објавена заедничка фотографија на Инстаграм, на која изгледаат среќни и вљубени.

Фотографијата на која пејачката лежи во прегратките на Дрејк со затворени очи, ја објави самата Џенифер. Со тоа двојката потврди дека божиќните празнични денови ги поминуваат заедно.

Латино дивата фотографијата ја објави откако Ријана, поранешната девојка на Дрејк, престана да ги следи на социјалните мрежи. Фотографијата на „новопечените гулапчиња“ за кусо време заработи речиси 500.000 лајкови.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.