Џорџ Клуни ќе стане татко

03.01.2017 | 19:41
Прочитано: 7762
Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал очекуваат близнаци, соопштија италијанските медиуми.
Актерот кој отсекогаш за себе велеше дека никогаш нема да се оствари како родител, попушти пред инсистирањето на Амал дека треба да имаат деца и дека таа сака да се оствари како мајка.
 
Клуни, со години ги напушташе своите партнерки кога тие ќе ги споменеа зборовите „брак“ и „деца“. Сите досегашни негови партнерки се остварија како родители, а Клуни остана доследен на изјавата, дека доволно му било да ги види шестте деца на Бред и Анцелина кохга му доаѓале на гости и како му ја преуредувале куќата за еден час.
 
Неговиот став кон бракот се смени кога ја запозна Амал, ценет адвокат и жена со свој став, единствената која успеа да го одведе пред олтар. Според многумина, Амал била совршена за него, а свадбата ја направија пред две години.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.