Џорџ Клуни ќе тужи француски магазин, без дозвола објавил фотографии од неговите деца

29.07.2017 | 15:29
Прочитано: 2843

Американскиот актер и режисер Џорџ Клуни најави дека ќе поднесе тужба против францускиот магазин „Восаи“, затоа што без дозвола објавил фотографии на неговите деца-близнаци.

„Во текот на минатата недела фотографи на магазионот „Воаси“ се прекачиле преку нашата ограда и од едно дрво илегално ги фотографирале нашите бебиња во нашата куќа“, изјави Клуни. 

Тој нагласи дека поради овој случај тој ќе иницира кривично гонење на фотографите и магазинот, затоа што тоа „го бара безбедноста на децата“.

Овие фотографии на неговите близнаци Ели и Александер, кои се родија минатиот месец во Лондон, беа објавени на насловната страна на последниот број на „Воаси“. Покрај двете бебиња, на фотографиите се гледаат и 56-годипниот Клуни и неговата сопруга, 39-годишната адвокатка Амал.

Џорџ и Амал се венчаа во 2014 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.