Ѕвездите на „Деспасито“ бесни на претседателот на Венецуела

26.07.2017 | 10:13
Прочитано: 3064

Авторите на светскиот хит „Деспасито“ го обвинија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро дека ја искористил нивната песна во политички цели.

Мадуро во телевизиско шоу изминатиот викенд изведе изменета верзија на овој хит, со која ги промовираше неговите планови за свикување на ново Уставотоврно собрание, кое треба да биде избрано в недела со цел да изврши измени на Уставот.

Тој потег ги налути порториканските ѕвезди Луис Фонси и Деди Јенки, кои се огласија на социјалните мрежи.

„Во ниту еден момент не бев прашан, ниту обобрив измени на текстот на песната „Деспасито“ за политички цели, особено не за тажна ситуација во која се најде Венецуела, земја која многу ја сакам“, напиша Фонси.

„Мојата музика е наменета за сите оние кои сакаат да ја слушат и уживаат во неа, а не да биде користена како пропаганда чија намера е да се манипулира со волјата на народот кој плаче за слобода“, додаде тој. 

Деди Јенки објави фотогафија на Мадуро покрај кој напиша: „Тоа што илегално ја употребивте нашата песна не може да се спореди со злосторствата што ги направивте во Венецуела“.

Венецуела веќе неколку месеци ја потресуваат насилни протести, а милиони жители се вклучија на генералниот штрајк минатата недела. 

Неверојатната популарност на песната на Луис Фонси и Деди Јенки „Деспасито“ го смести овој хит на врвот на сите листи воедно станувајќи најслушана песна на сите времиња. Неодамна беше објавено и дека песната го зголемила интересот за Порторико, земјата од каде потекнуваат двајцата изведувачи, про придонесе за заживување на порториканската економија која се најде на работ на банкрот. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.