Еден блок откажа во РЕК, ЕЛЕМ на тендер купува струја

08.01.2017 | 13:59
Прочитано: 9202

Минуснисте температури го исфлија од употреба еден од трите блока во РЕК Битола, дознава 24 Вести.

Во текот на минатата ноќ еден од блоковите откажал, по што ЕЛЕМ на тендер распишал набавка на струја и тоа 400 мегават часови биле потребни за вчера за периодот од 20 до 24 часот.

За задоволување на потребите на домаќинствата и на останатите потрошувачи што не се на либерализираниот пазар за денеска се потребни дополнително 4 илјади и 200 мегават часови и за утрешниот ден од полноќ до 8 часот 800 мегават часови струја.

Oд ЕЛЕМ потврдуваат дека еден од блоковите на РЕК Битола, ноќта помеѓу Бадник и Божик, испаднал од системот и се работи на негова санација. Смируваат и велат дека состојбата во електроснабдувањето е стабилна, увозот е направен, ама тој е планиран, а не интервентен. 

 


Марина Узунов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.