Еколошки бетон ги зацврстува и ги штити старите згради од земјотреси

13.10.2017 | 10:29
Прочитано: 3052

Бетонот е најчесто користен материјал за градење затоа што е релативно евтин, лесно се ракува, има долг век на употреба и е доста отпорен на експлозии, за разлика од челикот. Сепак, има една маана – не држи многу товар, па потребно е да се зацврсти со челик за да издржи посилни земјотреси. Сега истражувачи од Универзитетот Британска Колумбија развија нов тип бетон со карактеристики на челик кој може да издржи силни земјотреси и е еколошки.

Материјалот се вика EDCC. Индустријата за цемент е одговорна за 7 проценти од годишната емисија на штетни гасови во светот. Со замена на 70 проценти од цементот со нуспроизводот на EDCC наречен fly ash значително ќе се намали емисијата на штетни гасови затоа што при производство на само еден тон цемент се добива речиси еден тон јаглерод диоксид.

EDCC е неверојатно флексибилен, има слични особини на челикот и може да се деформира без да се уништи. Истражувачите поставија EDCC на цементни блокови и потоа симулираа земјотрес со јачина од 9 степени. Додека обичните цементни блокови драматично се срушија, блоковите засилени со EDCC го издржаа ударот.

Цементот EDCC не е експеримент и веќе е готов комерцијален производ. Во многу случаи овој нов материјал е поисплатлив да се примени отколку да се прави целосно реновирање или да се поставуваат челични потпори за заштита од земјотреси. Еден од првите проекти каде што ќе се користи EDCC е основно училиште во Ванкувер (Канада) и училиште во сеизмички активна зона во северна Индија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.