Економистите оптимисти за ребалансот

08.08.2017 | 18:22
Прочитано: 952

Иако се уште е рано да се коментираат резултати, економијата се придвижува  во вистинска насока оценуваат економистите. Со ребалансот на буџетот започнaa реформитe,се отстранува штетното и непордуктивно трошење,  а државата етапно излегува од досегашната лоша економска положба смета проф. Предраг Трпески продекан на економски факултет при УКИМ.  Надзорот во првичните економски политики забележал дека во првите 60 дена од новата Влада има минимнално придвижување и кон  процесот за намалување на јавниот долг.

„За шеесетина дена јас мислам дека се усеа и миниално да се намалува и јавниот долг, раздолжувањето и мислам дека тој процес ќе продолжи и понатаму. Економијата во изминатите години одеше во погрешен правец, сега мислам дека оди во вистински правец“, изјави Предраг Трпески продекан на Економски факултет УКИМ.

Трпески сугерира дека  меѓу итните  реформи кои треба да ги воведе новата Влада а кои  загарантирано ќе донесат  стабилна економија е и континуираното вложување во бизнис секторот.

„Во зиминатите години инвестиционата клима во Македонија беше многу нарушена. Иницијативе за инвестиција беа многу нарушени. Тука новата влада треба да обрне внимание повеќе“, изјави Трпески.

Борбата за стабилна економија да биде на повеќе фронтови. Економистите велат дека  Потребна е особена внимателност во промената на даночната и фискалната политика особено во зголемување на данокот на доход и во  данокот на добивка поради чувствителноста на бизнис секторот  после кризниот политички период и потенцијалната опасност од енвазија. Препорачуваат  етапна промена во фискалната политика, со посебен акцент на  нејзината ефикасност.

„Значи ако не е ефикасен државниот апарат и механизмот како да ги пренасочите тие јавни приходи кај што треба, вие може да ги зголемите јавните приходи, а бенефитите за граѓаните да останат исти“, вели Борче Треновски, професор на Економски факултет УКИМ.

Кратењата  во новиот Буџет иако најавуваат придвижувања во добар правец ,сепак се премала промена. Економистите се во очекување дека државата и министерството за финансии претстојниот период сериозно ќе се вклучат во сеопсежна дебата со сослушување на засеганатите фактори со цел  буџетскиот процес да стане поблизок до граѓаните,  да ги одрази вистинските ефекти, преку отворање на главните приоритети.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.