Ексминистерот Тодоров и дедото на Тамара од Велес денеска во суд

14.02.2018 | 10:22
Прочитано: 724

Ново судско рочиште за случајот со дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело се наоѓа во притвор.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.