Електронски тестови за теоретскиот дел од испитот за возачка дозвола

01.11.2012 | 15:55
Прочитано: 1524
Повеќе од милион. Толкав е бројот на можни кобинации тестови кои од денеска ќе ги полагаат кандидатите за добивање возачка дозвола. 
 
Тие можат да изберат тестот да го полагаат електронски на компјутер или пак во печатена форма.  Со овој систем нема можнос за препишување и други манипулации или ургенции, бидејќи никогаш нема да се сличи двајца или повеќе кандидати да добијат ист тест. 
 
Со тоа се поттикнуваат кандидатите да научат повеќе и во иднина во земјава да имаме возачи кои ќе бидат посоодветно обучени. 
 
Сепак се покажа дека квалитетот на обуката на кандидатите не е задоволителен, бидејќи поголемиот број од оние кои полагале денеска не го положиле испитот. 
 
Кандидатите со кои поразговаравме рекоа дека новиот начин на полагање им се допаѓа, а тестот не бил многу тежок. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.