ЕЛЕМ го објави тендерот за изградба на топлификација

19.06.2017 | 17:48
Прочитано: 1889
ЕЛЕМ го распиша тендерот за изградба на топлификација на Битола заедно со Могила, Логоварди и Новаци и покрај барањето од владата привремено да се замрзнат тендерите за да може да се усогласат со владината програма.
 
Огласот е објавен на интерент странцата на агенција за економски развој на Германија и во три  дневни весници во земјава. Станува збор за тендер тежок  46 милиони евра, од кои 7 милиони се на ЕЛЕМ, а останатите се кредит од германската КФВ банка. Реагираа од владата:  Управниот одбор на компанијата да донесе одлука за мораториум на проектите, за да не се направи поголема штета и да не се загрози имиџот на Република Македонија  во меѓународни рамки.
 
„Без разлика дали ЕЛЕМ се задолжува, тоа е задолжување кое го прави Република Македонија и токму заради тоа процесот мора да биде стопиран, да се иницира нова постапка и да помине низ соодветна процедура. Не би сакале ниту компанијата, ниту земјата, а најмалку граѓаните да претрпат штети заради неодговорност на менаџментот на ЕЛЕМ“ - истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
За неполна недела ЕЛЕМ предводено од Христијан Мицковски, кадар од вмро дпмне додека го чека наследникот распиша два тендери со вкупна вредност од 80 милиони евра.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.