Ердоган ја почнува кампањата за референдумот за уставни реформи

17.02.2017 | 13:39
Прочитано: 1158
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со митинг во градот Караманмараш денеска ќе ја почне кампањата за референдумот за промена на уставот на Турција. 
 
Предложената реформа од 18 точки предвидува воведување на извршна претседателска власт, зголемување на брјот на пратеници од 550 на 600, намалување на минималната возраст за пратеник од 25 на 18 години и други измени. 
 
Турскиот премиер Бинали Јилдирим испратил рачно напишани писма до 15 милиони млади избирачи во земјата, повикувајќи ги да гласаат со „да“ на референдумот на 16 април. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.