Ердоган: Не одам кон диктатура, може да умрам во кој било момент

19.04.2017 | 11:54
Прочитано: 10372

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган  изјави дека уставните реформи не значат премин на Турција кон диктатура, демантирајќи ги тврдењата дека тој нов систем е скроен како за него.

„Тоа не е систем, кој му припаѓа на Тајип Ердоган. Јас сум смртно суштество, можам да умрам во кој било момент. Системот претставува промена, трансформација, демократска историја на Турција. Навистина, промените се големи. Но тоа не значи дека постои диктатор. Таму каде што има диктатурата нема претседателски систем. А тоа што го видовте во неделата се нарекува демократија. Јас тоа го нарекувам волја на народот“, изјави Ердоган.

Ердоган ги отфрли обвинувањата дека ги поддржал измените од желба да ја зајакне својата моќ, а не да го унапреди политичкиот систем во Турција. Тој напомена дека Турција цели 54 години стои пред вратите на ЕУ.

Од политичка гледна точка, тоа едноставно не е подносливо. Се обидовме да ги исполниме сите нивни барања, но тие не ги одржаа своите ветувања. Ако ја променат политиката кон Турција, тогаш повторно можеме да седнеме на маса и да видиме што може да направиме, рече Ердоган.Тој изрази задоволство од честитките од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со референдумот.

Во меѓу време главната опозициска партија во Турција поднесе барање во централната изборна комисија за поништување на резултатите од референдумот. Главната забелешка е дека огромен број гласачки ливчиња во поддршка на Ердоган се без официјален печат од изборната комисија.

 

Симона Ристевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.