Ердоган во историска посета на Грција

07.12.2017 | 12:18
Прочитано: 995

Историска посета на Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Грција. За Време на оваа средба, која е прва за еден турски претседател на Атина по 1952 година, Ердоган ќе има состанок со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас, по што ќе отпатува во западна Тракија, каде ќе се сретне со претставници на локалните жители, кои за Грција се „муслиманско“, а за Турција „турско малцинство“.

Главни теми на разговорите меѓу ердоган и неговите грчки домаќини се очекува да бидат мигрантската криза, регионалните односи, енергетиката, како и кипарскиот проблем.

„Она што го очекуваме е значително подобрување во нашите односи со Турција и очекуваме многу конструктивни разговори. Прашањата кои влијаат на двете страни, ќе бидат вклучени во дневниот ред на преговорите – тензиите во Егејското Море, бегалската криза, економските односи со акцент на енергетиката, трговијата и транспортот“, вели  Димитрис Цанакопулос - портпаролот на грчката Влада

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калан порача дека анкара се надева оти посетата ќе придонесе за развој и зајакнување на билатералните односи. Главни спорови во односите меѓу Атина и Анкара и натаму е линијата на разграничување во Егерјското море, проблемот на поделениот Кипар и правата на муслманите во Тракија, а од минатата година и барањето на Турција за екстрадиција на осуммината турски воени офицери, кои побегнаа во Грција по ланскиот обид за воен удар.

Поради посетата на турскиот претседател, во Грција се воведени засилени безбедносни мерки, а властите забранија и одржување на секакви собири во центарот на Атина.


Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.