Ердоган во посета на Србија – екстремни мерки на безбедност

09.10.2017 | 11:53
Прочитано: 2462

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган,  вечерва пристигнува во дводневна официјална посета на Србија, заедно со голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри. Ердоган ќе биде заштитуван од најмалку 50 лични телохранители. За време на посетата во Србија се применуваат екстремни мерки на безбедност, односно покрај неговото лично обезбедување, за турскиот претседател ќе се грижат и 3.000 српски полицајци.

„Станува збор за врвни специјалисти. Тие се дел од личното обезбедување на Ердоган, буквално е невозможно да се помине покрај нив“, наведуваат српските медиуми.

Анкара пред десетина денови испрати стручни лица во Србија, за да ги проверат сите локации, каде што ќе престојува турскиот претседател. Се очекува потпишување на неколку договори за турски инвестиции во Србија, но и бесцарински извоз на некои производи од Србија во Турција.

Минатата година размената на стоки меѓу двете земји изнесуваше околу 800 милиони долари, а целта на двете страни е да изнесува две милијарди. Досега турските фирми во Србија инвестирале околу 110 милиони долари. Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека не смее да се заборави дека турските фирми држат повеќе помали места во живот.

„Во Лебан за еден месец се отвора нова фабрика. Очекувам многу инвестиции во Краљево и Лозница со над 2 илјади вработувања. Со тоа ги решаваме состојбите во овие места, блиску сме до постигнување договор“, изјави Александар Вучиќ – претседател на Србија.

Според српските медиуми, Косово не е причина за несогласување во соработката меѓу двете земји. Додека Србија цели кон членство во ЕУ, а Анкара над 50 години чека на вратите на Унијата, се поставува прашањето како ќе се гледа на посетата во контекст на заострените односи Брисел – Анкара. За Ердоган, односите меѓу Србија и Турција се мошне важни за мирот и стабилноста на Балканот.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.